Неверојатно брзо ги топи килограмите: Заборавете на циметот, овој зачин прави чуда со телото
Експертите и нутриционистите преку неодамнешни истражувања дојдоа до заклучок дека овој зачин значително помага во согорувањето на мастите, а дамите не можат да поверуваат колку брзо делува истиот.
Станува збор за индиското оревче, кое често го користиме како додаток при приготвувањето на разни сосови, салати, јадења и слатки, а малкумина од нас знаат дека всушност оваа состојка е извонреден сојузник во борбата против вишокот килограми.
Индиското оревче е богат извор на хранливи влакна кои значително го намалуваат апетитот. Исто така, експертите откриваат дека овој зачин чудесно го намалува и лошиот холестерол. Тоа содржи манган, кој ефикасно помага при топењето на масните наслаги.
Единствениот недостаток на овој зачин се незаситените масти, па затоа истиот не треба да се консумира прекумерено.
Индиското оревче може да го консумирате како додаток во вашите овошни салати, во овесната каша, здравите десерти или зачин за јадењата со јајца. Исто така се препорачува да се користи при приготвувањето на зеленчуци како моркови, комири, зелка и спанаќ.