Неверојатно лесен домашен рецепт со чија помош брзо ќе ги отстраните несаканите габички на стапалата
Доколку се соочувате со дамки по ноктите или истите имаат деформиран облик, тоа може да биде резултат на габична инфекција. За да ја утврдите точната состојба, се подразбира потребен е лекарски преглед.
При утврдена дијагноза дека станува збор за овој вид на здравствена состојба, може да го употребите следниот неверојатно лесен домашен рецепт, за нејзино лекување.
Што е потребно да направите?
Пред спиење, нанесете чист пчелин мед (кристализиран) на ноктите и околу нив. Следно, завиткајте ги во најлонска фолија, за да не истече медот, кога истиот ќе се растопи. Најодозгора, облечете чорапи и оставете го медот да делува во текот на целата ноќ.
Следното утро, измијте ги ноктите само со вода, без сапун. Практикувајте го лесниот домашен третман во период од 2 недели или додека целосно не се ослободите од несаканите габички.