Неверојатно редок вид на црн леопард забележан во Африка
Еден британски фотограф за диви животни сподели нови фотографии од неверојатно редок црн леопард, забележан Лаикипија, Кенија.
Вил Бурард-Лукас првпат сподели слики од црниот леопард во 2019 година, што е прв пат по 100 години, затајувачкото суштество да биде научно снимено во Африка.
Новообјавената фото-серија, претставена во новата книга на Бурард-Лукас, „Црниот леопард: Мојата потрага да фотографирам една од најретките големи мачки во Африка“, го прикажува неверојатното животно опкружено од темно небо.
Светлите очи на леопардот се издвојуваат наспроти неговото црно крзно, што е резултат на меланизам, појава спротивна на албинизмот.
Фотографот открил дека забележал два црни леопарди за време на неговото време поминато на полето, помал црн леопард кој го нарекол „Блек“ и поголем маж, кого го нарекувал „Голема дамка“.
Откако ги доби сликите со помош на луѓе од локалната заедница, Бурард-Лукас истакна дека црните леопарди се чини дека се „повеќе ноќни животни, веројатно затоа што имаат повеќе успех во лов ноќе“.
Во својот блог, Бурард-Лукас објасни дека фотографирање на црн леопард под ѕвездите би било „и најретка и најтешка фотографија од дивиот свет“, а неговата мисија била отежната од фактот дека леопардот, кој се надевал дека ќе го фотографира, започнал да лута подалеку за да избегне поголемиот мажјак.
Сепак, фотографот за неколку недели успеа да ја сними фотографијата од неговите соништа, иако со погрешен леопард.
Тој објасни:
Во секое време имав распоредено меѓу пет и седум стапици со камери, а повеќето беа поставени за да ја доловат посакуваната фотографја.
Потребни беа само неколку недели пред да ја фатам фотографијата што ја предвидев, освен што имаше погрешен леопард! Како и да е, таа е можеби мојата омилена фотографија од леопард до сега и затоа не бев премногу разочаран.