Невеста решила да ја изненади баба си така што за свадбата ја носела нејзината венчаница од 1962 година
23-годишната невеста Џордин Клеверли за нејзиниот најсреќен ден во животот решила да ја носи одлично сочуваната венчаница која ја носела нејзината баба во 1962 година. Гордата баба Пени не знаела дека нејзината внука и го приредила ова изненадување. Џордин и го покажала фустанот на Пени пред венчавката, со цел да не се расплаче кога за прв пат ќе ја види пред олатрот. Исто така најмила и фотограф кој ќе го овековечи овој посебен момент, исполнет со прекрасни емоции.