„Ние сме прекрасни такви какви што сме“: Фотограф снима „вистински“ жени за да испрати моќна порака
Емили Лорен е професионален фотограф од Онтарио, Канада и за создавањето на нејзината книга, таа одлучи да сними повеќе од 40 жени од секојдневието, облечени во бела долна облека и да испрати моќна позитивна порака за прифаќањето на сопственото тело.
„Наместо постојано да бидеме сконцентрирани на тоа што треба да направат жените за да го подобрат нивниот изглед, јас сакам да докажам дека сите ние сме прекрасни токму такви какви што сме. Чувствувам потреба оваа порака да ја слушнат сите, особено помладите девојки кои непотребно имаат комплекси, а неретко тоа доведува и до нарушувања во исхраната.“ – вели Емили
Погледнете како изгледа дел од нејзината уникатна фотосесија во продолжение: