Никогаш не лажете една жена! Овој маж тоа го откри на потешкиот начин
По некое непишано правило, жените поседуваат таква моќ што секогаш може да ја „намирисаат“ лагата, а доказ за ова е и следната кратка приказна, поради која секој маж добро би размислил следен пат кога ќе помисли да излаже.
Мажот на телефон: „Драга, поканет сум да отидам во Кина на риболов, на 7 дена, заедно со шефот. Ова е идеална можност да напредувам на работата, па можеш ли да му спакуваш доволно облека? Се подразбира, ќе ми биде потребна и кутијата за риболов. Кога ќе се вратам од канцеларија, ќе си дојдам дома. И да, те молам немој да заборавиш да ја ставиш и моите сина свилена пижама.“
Иако ова звучело премногу сомнително, сопругата сепак го послушала и го спакувала потребниот багаж.
Следниот викенд, откако мажот се вратил од патувањето, бил премногу уморен, но сепак изгледал одлично и бил премногу расположен.
Сопругата го запрашала дали уловил риба, на што тој одговорил: „Да, се подразбира и тоа неколку караши…А, зошто инаку ми ја немаше спакувано сината свилена пижама?“
Сопругата со насмевка одговорила: „Ја стави. Беше во кутијата за риболов!“