Никој веќе не ја пече тиквата на стариот начин- Со овој рецепт таа станува повкусна од било кога
Невеоројатен десерт кој многу наликува на торта, а кој притоа е и здрав, бидејќи може лесно да го приготвите без шеќер, а пак да биде сладок и да се топи во уста.
Тиква на уникатен начин
Потребни состојки
- 500 гр каша од тиква
- 200 гр урда
- 1 јајце
- 1 супена лажица шеќер (по ваша желба)
- 30 гр суво грозје
- 1 супена лажица мед
- 1 кафена лажица кора од портокал
- 1 супена лажица шеќер
- 1 пакетче ванила
Начин на подготовка
Исчистете ја тиквата од семиња и од кората. Исечете ја на парчиња и поставете ја во сад за печење, покриен со хартија за печење. Испечете ја тиквата во претходно загреана рерна на температура од 180°C, до нејзино омекнување. Доволни ќе ви бидат 15 минути. Проверете дали е готова со чепкалка за заби.
Следно, измијте го сувото грозје и полејте го истото со врела вода. Оставете ги да отстојат така.
Потоа, измешајте ги урдата, шеќерот, ванилата, јајцето и половина кафена лажица од кората од портокал во блендер, до добивање на кремаста текстура.
Испасирајте ја тиквата до добивање каша, а потоа во истата додадете ги медот и преостанатата половина од кората од портокал. Доколку добиеното пире од тиква ви изгледа претврдо, може да додадете уште 1 јајце.
Со масло за готвење, премачкајте хартија за печење. Рамномерно распоредете 1/3 од смесата со тиквата, потоа со рамномерен слој ½ урда и половина од сувото грозје. Следно, повторно нанесете на ист начин од смесите. Ќе имате 1/3 од тиквеното пире за најгорниот слој.
Печете во рерна, загреана до 180°C, во времетраење од 20 минути.
Пријатен апетит!