Нивната подготовка одзема само 5 минути, а ги штитат стапалата од премрзнување цела зима
Во најстудените зимски денови, дури и во квалитетни чизми со дебел ѓон, нашите стапала премрзнуваат, па токму за оваа цел, денес ви откриваме како брзо, ефикасно и евтино да го решите овој проблем.
За да ги заштитите вашите стапала, може да изработите дополнителни влошки за обувките, од алуминиумска фолија за изолација (4 мм), која може да ја пронајдете во секоја продавница.
Поставете ги извадените влошки од обувките на фолијата и исечете дополнителни две.
Ќе добиете 2 нови влошки кои ќе бидат сосема доволни да издржите една сезона со нив, а истите не е тешко повторно да се сменат со нови.
За да може влошката да дише, направете неколку произволни дупки, користејќи ножици, врз површината на фолијата.
Сега залепете ги алуминумските влошки кон влошките од обувките, за чија цел, може да употребите обично лепило и вашите нови влошки против измрзнување ќе бидат готови!