Нов џет ќе може да ве однесе било каде во светот за само 4 час и тоа по цена од 100 долари
Компанија која работи на брзи авиони има за цел да лета „каде било во светот за четири часа“ и тоа само за 100 долари.
Компанијата Boom Supersonic сака својот комерцијален патнички авион Mach 2.2, Overture „да го полета до 2026 година“ и се надева на масовно намалување на времето потребно за патување.
Основачот и извршен директор на Boom Supersonic, Блејк Шол се надева дека ќе го смени фактот дека немало големо забрзување во времето на патувањето на авиони од 1950-тите и 1960-тите.
Џетот 2,2 Mach, Overture ќе може да патува двојно побрзо од обичните комерцијални авиони и да превезува меѓу 65 и 88 лица на повеќе од 500 прекуокеански дестинации.
Патувањето од Њујорк до Лондон, на пример, би траело само 3 час и 15 минути, а патувањето од Лос Анџелес до Сиднеј би траело само 8 часа.
Шол вели дека целта на компанијата е да ја пробие бариерата на времето, објаснувајќи: „Се менуваат местата каде што можеме да одиме на одмор, се менуваат местата каде што можеме да правиме деловни активности, нашите блиски се селат далеку од нас, убаво би било да можеме да ги видиме кога ќе посакаме“.
Компанијата планира да започне со изградба на првиот авион во 2023 година и ќе обрне внимание на „најважните работи што се економска и еколошка одржливост“.
Основачот призна дека ќе и треба „време“ на компанијата да ги постигне ваквите цели, но објасни дека смета дека е корисно да се планира однапред.
Професорот Шон О’Киф, експерт за авијација во Универзитетот во Сиракуза, изјави дека целта на Boom Supersonic е „дрска“ , но истакна дека „понекогаш е потребно некој што навистина верува во својот капацитет да направи нешто вакво“.