Кашкавалките се неверојатно вкусен избор за брза закуска. Доколку ги обожавате, тогаш следниот рецепт ќе ве воодушеви. Станува збор за нивна варијанта во форма на печени мафини, без квасец.

Нов рецепт за кашкавалки

Кашкавалките се неверојатно вкусен избор за брза закуска. Доколку ги обожавате, тогаш следниот рецепт ќе ве воодушеви. Станува збор за нивна варијанта во форма на печени мафини, без квасец.
Cook Time1 hour
Course: закуска
Cuisine: италијанска
Клучни зборови: кашкавал, кашкавалки, мафини, солени мафини
Servings: 4

Ingredients

  • 200 гр пченично брашно
  • 170 мл млеко
  • 2 јајца
  • 70 гр путер
  • 100 гр кашкавал
  • Половина кафена лажица шеќер
  • Половина кафена лажица сол
  • 2 кафени лажици пециво
  • 20 гр копар
  • 2 чешниња лук

Instructions

  • Пригответе го сувиот дел од смесата: Измешајте ги брашното, солта, шеќерот, пецивото и ситно исечениот кашаквал.
  • За течната смеса: Растопете го путерот на водена пареа, додадете го лукот,ситно исечениот копар, јајцата и млекото. Добро измешајте ги сите состојки заедно до добивање на една соединета смеса.
  • Исипете ја течната во сувата смеса и измешајте ги со вилушка. За да ги направите мафините совршено меки, но истовремено и густи,замесете го тестото, додека брашното не стане влажно: Тестото не треба да биде мазно, туку со малку грутки.
  • Ако користите метални калапи, претходно премачкајте ги со путер. За силиконските калапи овој чекор не е потребен. Поставете ги мафинитеда се печат 20-30 минути на температура од 180°C. Проверете колку се готови мафините со чепкалка за заби.