Нов уникатен начин на варење на јајца е вистински хит во светот
Јајцата се основна состојка во многу јадења. Но, кога станува збор за приготвување јадења за празници или пак, за повеќе гости, речиси секој се соочува со проблемот како да свари јајца во поголемо количество.
Класичниот процес одзема многу време, па токму за оваа цел денес со вас сакаме да споделиме една извонредна идеја, која е вистински хит во светот! Благодарение на овој кулинарски трик, може да приготвите тврдо сварени јајца, без воопшто да мора да ги варите. Ваш најголем помошник за тоа ќе биде токму рерната.
Како да приготвиме тврдо сварени јајца во рерна
Загрејте ја рерната до 160°C. Земете го калапот за мафини. Во секој дел од калапот поставете јајце, кое треба да е на собна температура. Ако штотуку сте ги извадиле јајцата од ладилникот, оставете ги да отстојат 15 минути, за да се затоплат малку.
Следно, поставете ги јајцата 30 минути во загреаната рерна. Потоа, извадете го калапот и оставете ги јајцата да се изладат за 15 минути. На крај, излупете ги истите.
Со овој трик веќе нема да ви биде потребно најголемото тенџере и големо количество на вода, процес кој одзема многу време. Едноставно вака поставете ги јајцата во рерна и слободно