Нова таблица за идеалната тежина ги израдува сите дами! Откријте колкава треба да биде вашата
Модната и индустријата за убавина одамна ги користи веќе утврдените параметри за тоа што претставува совршеното тело. Сè што не спаѓа во таа рамка, автоматски се смета за прекумерена тежина и од тука произлегува причината за строгите диети и екстремните ограничувања во исхраната.
Но, важно е да знаете дека параметрите и пропорциите на телото не зависат само од тежината, туку и од самата градба на телото, возраста, па дури и начинот на живот. Затоа за да се пресмета идеалната тежина, е неопходно, покрај килограмите и висината на личноста, да се земат во предвид и бројни други фактори.
Што претставува индекс на телесна маса?
Индекс на телесна маса (ИТМ) е вредност добиена од масата и висината на индивдиуата.
Оваа формула за пресметување на идеалната тежина е една од најчестиот и признаен начин, развиен од Адолф Кјотл.
Според него, индексот е однос меѓу телесната маса и квадратот од телесната висина и истиот се изразува во единица мерка kg/m2. Според експертите од областа на здравите диети, формулата се смета за најточна.
Во зависност од резултатите, постојат 6 категории на ИТМ:
- Помалку од 18- недоволна телесна тежина
- Од 18.5 до 24.9- нормална телесна тежина
- Од 25 до 29.9- прекумерна телесна тежина
- Од 30 до 34.9- прв степен на дебелина
- Од 35 до 39.9- втор степен на дебелина
- 40 и повеќе- трет степен на дебелина
На пример, за жена со тежина од 53 кг и висина од 162 цм, формулата за определување на индексот на телесната маса изгледа вака: 53: 2.62= 20.2
Така го одредуваме индексот, спред кој тежината е нормална и слабеењето не е задолжително.
За да формулата биде попрезицна, а со тоа и самиот резултат, може дури да се земе во предвид возраста и полот.
За жените би изгледало вака:
- 19-24 години: 19.5
- 25-34 години: 23.2
- 35-44 години: 23.4
- 45-54 години: 25.2
- Над 55 години:3
За мажи:
- 19-24 години: 21.4
- 25-34 години: 21.6
- 35-44 години: 22.9
- 45-54 години: 25.8
- Над 55 години:6
За надополнување на формулата на Кјотл, има уште една поточна верзија, која во факторите ја вклучува возраста и структурата на телото. Д-р.Пол Брок ја разработи формулата и таа изгледа вака:
Најпрво треба да одземете 110 од вашата висина доколку сте на возраст под 40 години, односно да одземете 100 доколку сте над 40-годишна возраст.
Потоа добиената цифра оставете ја непроменета. Доколку имате нормална физичка градба, добиениот број поделете го со 10%, а доколку сте послаби, добиениот број помножете го 10%.
Во крајниот резултат ќе ја добиете формулата за вашата идеална тежина.
На пример, на 27-годишна возраст, со висина 162 цм и покрупна физичка градба, формулата за идеална тежина би изгледала вака:
- 162 – 110=52 кг
- 52 х 10%= 5.2 кг
- 52 + 5.2= 57.2 кг
На овој начин ја откриваме идеалната тежина, која е потребна на личноста со таа висина и на таа возраст.
Какви и резултати да добиете, не заборавајте дека сепак идеалната тежина е онаа при која се чувствувате најудобно и прекрасно. А пред бројките, најважно е да знаете да го сакате вашето тело.