Нова техника како да се справите со вашите несигурности – третирајте ги како за ваш пријател кој е несигурен во себе
Доколку вашите несигурности ви го отежнуваат и загорчуваат животот, мислете на нив како за ваш пријател кој има извесни несигурности во себе. Сите ние си имаме некои наши слабости поради кои ни е неудобно, било да се работи за нешто во врска со телесниот изглед или било што што понекогаш нѐ тера да се повлечеме во себе. Но, наместо да се срамите од вашите несовршености, Лео Бабаута од Зен Навики сугерира кон овие особини да се однесувате како да ви се некој пријател несигурен во себе и на кој му треба ваша поддршка.
„Подзастанете и погледнете во себе. Забележете ги оние делови од вас, било на вашето тело или нешто во врска со вашата личност, коишто не ви се допаѓаат. Погледнете ги такви какви што се, и сфатете дека и тие заслужуваат љубов на ист начин како што таа му е потребна на некој ваш „несовршен“ пријател. Расмислете како би се однесувале кон некој таков пријател, и на истиот тој начин однесувајте се кон себе. Дајте си поткрепа на себеси, дајте си разбирање.“
Вашите пријатели не се совршени, никој не е, но сепак кон нив се однесувате добро бидејќи знаете дека без нив вие не би биле тоа што сте. Истото важи и за нештата кои ве прават несигурни. Тие се тоа што ве прават да сте тоа што сте. Не мора да значи дека секогаш треба да ви се допаѓаат овие особини, и да не се стремите кон тоа да се подобрите и менувате, но во секој случај не треба да сте престроги кон себе и поради тоа да паѓате во очај.