Популарниот бренд Келвин Клајн е познат по неговите провокативни модни реклами и кампањи. Во 90-те беше во центарот на вниманието со топлес фотографиите на легендарните манекенки како Кејт Мос.

Брендот во повеќе наврати беше обвинет дека се обидува на гламурозен начин да го претстави консумирањето на дрога или пак, детската порнографија.

Модната куќа исто така, често ја допира контроверзијата со промовирањето на хомосексуалноста. Една таква ситуација се случи токму со најновата модна кампања на брендот.

Имено, во рекламата супер моделот Бела Хадид се бакнува со компјутерски измислениот лик, познат како „Лил Миќела“, а тоа не наиде на позитивни реакции кај Интернет заедницата.

Само неколку денови по објавувањето на рекламата, повеќето го обвинија брендот дека се труди на лажен и присилен начин да ја промовира хомосекусалноста, особено кога манекенката Бела Хадид се има изјаснето дека не припаѓа на ЛГБТ заедницата.

На својот официјален Твитер профил, брендот се извини за рекламата.

„Овде во Келви Клајн, добредојдени се секакви конструктивни критики од нашата заедница. Ги видовме вашите коментари и ги цениме. Суштината на нашата кампања е да се промовира слободата од секој аспект, за секој идентитет, вклучувајќи ја и сексуалната ориентација. Рекламата е создадена да ги предизвика традиционалните норми. Но, секако сфаќаме како тоа може да се разбере погрешно, како наметнување на став и се извинуваме бидејќи не беше наша цел погрешно да ја претставиме ЛГБТ заедницата“- велат од соопштението.

Во 30-секундното видео, Бела и Миќела воспоставуваат контакт со очите пред да се бакнат, а Хадид притоа вели: „Животот се состои во отварање нови порти и создавање нови сонови, за кои не си знаела дека постојат“

https://www.youtube.com/watch?v=h2jdb3o2UtE