Новата суперјахта на Роман Абрамович вредна половина милијарди евра е скоро подготвена да заплови
Новата суперјахта на Роман Абрамович во вредност од половина милијарди евра е забележана за прв пат во германско бродоградилиште и е при крај со изградбата.
Јахтата наречена Соларис долга 140 метри, опремен со хеликоптер и базен, наскоро ќе започне со морски испитувања пред 54-годишниот сопственик на Челси да заплови ова лето.
На јахтата со осум палуби на рускиот милијардер има 48 кабини и може да спие 36 гости, како и 60 членови на екипажот.
Два високотехнолошки електрични мотори наречени Azipods ќе управуваат со колосалниот брод. Супер-ефикасните пропели можат да претворат 360 степени, обезбедувајќи неверојатна подвижност и правејќи го кормилото непотребно.
И покрај неверојатната големина, новиот пловен објект на Абрамович е всушност помал од суперјахтата што тој веќе ја поседува- Еклипса долга 162 метри.
Покрај Соларис и Еклипса, Абрамович поседув најмалку уште пет други суперјахти, вклучувајќи ги и Сусуро долга 50 метри, Екстазеа долга 85 метри, Луна и Пелорус, и двете долги 144 метри, Френд Блу долга 112 метри.
Соларис беше фотографирана опкружена со скелиња и кранови на крајот на Декември, кога се приближуваше кон завршувањето во бродоградилиштето Лојд Верфт во Бремерхавен, северно од Бремен.
Соларис ќе има максимална брзина од 18 јазли (32 км / ч) и ќе има отворен дел со џакузи, спа центар и базен.
Г-дин Абрамович е веќе сопственик на суперјахта „Еклипса“ од 540 милиони фунти, што ја користи за крстарења околу француската ривиера каде што е сопственик на вила во Антиб.