Новата тенденција на костим за капење инспириран од коронавирусот го освои светот на модата – Дали би го носеле?
Пандемијата со коронавирусот го зафати буквално цел свет, а последиците од истата, според експертите, долго ќе се чувствуваат. Секојдневието и контактите меѓу луѓето веќе нема да бидат исти.
Сосема очекувано, пандемијата влијаеше и врз светот на модата. Најновиот моден тренд е инспириран токму од коронавирусот, а станува збор за костим за капење наречен „трикини“, односно костим за капење од три дела: бикини + маска за лице.
Костимот за капење е идеја на дизајнерката Тицијана Скарамуцо, а во продолжение погледнете како изгледа истиот: