Ново освежување на македонската поп сцена: „Срце отвори“ е новиот сингл на Александра Јанева
Поп-пејачката Александра Јанева има нова песна со видео-запис насловена „Срце отвори“. По успехот на минатогодишниот сингл „Ќе се вратам некој ден“, Александра ја продолжува соработката со авторите Панче Илиев и Иле Спасев, а текстот е на Огнен Неделковски.
На видеото пејачката е сама со својата бура од позитивни емоции која секој може да ја почувстува ако живее со отворено срце.
„Срце отвори е песна за сите нас кои секој ден се трудиме да се допаднеме некому, а сè што треба е искрено да се отвориме за да доживееме љубов, влезени во свој филм“, вели Јанева.
Песната има ретро лирик видео изработено од Pinestel продукција во режија на Пеце Здравковски.