Лана од Нов Зеланд ја напуштила својата работа како медицинска сестра во 2018 за да може да патува низ светот, да запознава нови луѓе, да проучува различни култури и да ја де вкусна храна. Таа реши да ја поети Македонија среде пандемија и во своето видео ни отркива колку е скап животот во Скопје (за нејзини стандарди).

2021 е чудна година за патување, со многу земји во целосен карантин и затворени за посетители, но Македонија во месец Мај беше една од малкуте земји кои не бараат PCR тест при влез, а туристите исто така немаа потреба да седат 14 дена во излолација, што беше случај со голем број на земји низ светот. Затоа Македонија е идеална дестинација за сите оние кои имаа можност да патуваат. Лана патува заедно со своето момче па затоа цените се пресметани за двајца.

Сместување

Лана за едномесечен престој во стан, близу центарот на градот плати  459 евра (со вклучени сметки за вода, струја и интернет).

Транспорт

Лана во видеото сподели дека не користела јавен превоз поради пандемијата, но го пофали Скопје за изобилството од пешачки и велосипедски патеки, велејќи дека „Скопје е одличен град за одеше пеш и сe` е релативно блиску доколку си сместен во центарот“.

Јадење надвор

Лана и нејзиниот партнер потрошиле 118 евра за јадење надвор во рок од еден месец, иако не посетувале кафани и ресторани често поради пандемијата. Тие најчесто јаделе во локални кафани и пекари, а бурекот, јогуртот и месото ги споредуваат со кујната на останатите балкански земји.

Храна и маркет

Јадењето надвор не е секогаш најефтина опција ако патуваш низ светот, па затоа Лана претпочита да готви. Месечниот трошок за немирници за двајца бил 229 евра. Најчесто пазарале во Веро и Рамстор маркетите.

Теретана

За месечна чланарина во теретана партнерот на Лана платил 20 долари.

Интернет 

По мало недоразбирање во салоните на А1, Лана и нејзиниот партнер платиле по 20 евра за месечен интернет, што можеби звучи многу но имајќи на ум дека требало да склучат два договори, оваа цена е прифатлива.