Обичниот печен компир се претвора во феноменален деликатес кога ќе му додадете малку зачини: Длабите, полните, печете и се насладувате
Најверојатно не би се воодушевиле доколку ви предложиме рецепт за сосема обичен варен компир. Но, со следниот мал трик, од обични, печените компири ќе станат чудесни!
Полнети печени компири со шунка и кашквал
Потребни состојки
- 8 големи компири
- 300 гр шунка
- 100 гр кравјо сирење
- 100 гр кашкавал
- 1 јајце
- 20 гр путер
- 2-3 супени лажици масло за готвење
- Црн пипер, зачини и сол по ваш вкус
Начин на подготовка
Добро измијте ги компирите, бидејќи во овој рецепт, тие нема да се лупат. Следно, користејќи вилушка, направете мали дупчиња на компирите и премачкајте ги со малку од маслото за готвење. Секој од компирите поединечно завиткајте го во алуминиумска фолија, а потоа поставете ги да се печат во рерна на 200°C, во времетраење од 1 час, додека да бидат готови.
На горната страна од готовите компри, користејќи лажица, направете вдлабнатина. Во секој вдлабнат компир, поставете мало парче путер.
Исечете ја шунката на ситни парчиња и измешајте ја со изренадните сирење и кашквалот и додадете го и јајцете во смесата. Истата зачинете ја со зачини по ваш вкус.
Со оваа вкусна смеса наполнете ги компирите, а потоа истите поставете ги во сад за печење и одозгора додадете уште малку масло за готвење. Печете 20-тина минути на 180°C.
Пријатен апетит!