Оброкот со кој слабеете, дури и да не сакате, а еве и колку многу е корисен за нашето здравје
Појадокот е првиот и најважен оброк, бидејќи од истиот зависи целата нашата енергија со која ќе функционираме во текот на денот. Затоа не е ниту изненадување дека често се вели да се појадува како крал.
Затоа потребно е секогаш да избереме висококвалитена храна за појадок, а токму за оваа цел, за денес ви го претставуваме најмоќниот појадок.
Станува збор за традиционален англиски оброк, поконкретно за овесната каша.
Здравствени придобивки од овесната каша
- Го регулира нивото на шеќер во крвта
- Го намалува ризикот од појава на рак
- Помага за ефикасно слабеење
- Ја зголемува енергија и издржливоста на организамот
- Го прочистува организамот од токсините и вишокот масти
- Го заситува телото со неопходното количество на протеини, јод и калциум
- Го зајакнува нервниот систем
Како да ја приготвите овесната каша за слабеење
Доколку сакате брзо и лесно да ослабнете, без да вложувате многу труд, тогаш лекарите и нутириционистите препорачуваа за појадок или како полесна вечера пред спиење, да ја консумирате овесната каша, по следниот рецепт.
Потребни состојки
- 125 гр овесни снегулки
- Половина литар врела вода
- 1 мал лимон
- 2 зелени јаболка
Начин на подготовка
Измијте и исечете ги јаболката. Потоа поставете ги во блендер, наполнете со вода и добро измешајте. Додадете ги и овесните снегулки и повторно добро измешајте ги состојките. На крај додадете го и сокот од лимонот и измешајте. Вкусниот лековит коктел е готов!
Луѓето кои страдаат од дигестивни заболувања треба да бидат посебно внимателни со консумирањето на овој вид на смеса, бидејќи содржи големо количество на сок од лимон.