„Од 1 јајце и шолја кисело млеко правам цел куп од овие раскошни кашкавалки, за само 10 минути! Брзо, лесно и вкусно“
Кој би одбил ароматично лепче со кашкавал? Денес изненадете ги вашите најмили со цел куп од овие 10-минутни кашкавалки!
Одлична алтернатива за љубителите на питите и баниците, а притоа деликатес кој најмногу ќе ви одземе 10-15 минути, за да го приготвите.
Во продолжение прочитајте како да ги направите истите.
Кашкавалки за 10 минути
Потребни состојки
- 1 јајце
- Половина кафена лажица сол
- 200 мл кисело млеко
- 320 гр брашно
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- 1 супена лажица масло за готвење
- Рендан кашкавал, во количество по ваша желба
Начин на подготовка
Во длабок сад, скршете го јајцето, а потоа додадете ја и солта и киселото млеко. Добро измешајте ги состојките до добивање на мазна текстура.
Пресејте 320 гр брашно во друг сад, додадете ја и сода бикарбоната и добро измешајте.
Во смесата додадете ја претходно добиената смеса со киселото млеко и започнете со месење на тестото. Во истото додадете лажица масло за готвење.
Посипете брашно на површината за месење и развлечете го тестото во тенка кора.
Одзгора нанесете од ренданиот кашкавал и завиткајте го тестото во форма на ролат.
Ролатот исечете го на мали парчиња.
На површина каде претходно сте посипале брашно, секое од парчињата потребно е да го обликувате во тенка мала пита.
Во тава со загреано масло, испржете ги подгответни пити. Пржете од секоја страна по неколку минути.
Пријатен апетит!