„Од 2 литра млеко правам 1 кг домашно сирење- Без потквасување и без лимонтус, се јаде после 4 часа“
Дали некогаш сте пробале домашно сирење? Неговиот мек и не толку солен вкус е омилен на повеќето, а по неговата структура наликува на популарната италијанска моцарела.
Денес ви откриваме како на многу едноставен начин сами да подготвите вкусно домашно сирење, кое ќе биде готво за консумирање по само 4 часа.
Домашно сирење
Потребни состојки
- 2 литри пресно млеко
- 5-2 супени лажици сол (или по ваш вкус)
- 400 гр кисела павлака
- 6 јајца
- 200 гр кисело млеко (по избор)
Начин на подготовка
- Исипете го млекото во тенџерето и додадете ја солта.
- Доколку претпочитате помалку солено сирење, тогаш додадете помалку сол.
- Додека млекото да зоврие, изматете ги јајцата.
- Додадете ја киселата павлката и јајцата во топлото млеко, додека непрекинато мешате. Варете така околу 5-6 минути.
- Треба да забележите како се одделуваат урдата и сурутката.
- Поставете големо сито врз тенџерето, покријте го со парче газа, пресвиткана на 4 слоја и исипете ја смесата во цедалката.
- Оставете ја истата целосно да се прецеди.
- Завиткајте ја прецедената смеса со газа (едноставно заврзете ги краевите кои висат надолу).
- Поставете одозгора тежина. Може да ја поставите меѓу две даски или одозгора поставете било каков тежок предмет со тежина од 1 кг.
- По 4 часа, сирењето ќе биде готово и притоа потребно е да ја отстраните тежината.
- Оставете го сирењето да отстои во газата уште неколку дополнителни часа, складирано во ладилникот.
- Можете исто така да додадете и 200 гр кисело млеко, истовремено кога ќе ја додадете и киселата павлка. Така сирењето ќе добие уште понежна текстура.