Од 20 минути дневно до фит тело: Пробајте ги овие вежби дома за кои нема да ви биде потребна опрема
Доколку веќе подолго време сакате да ослабнете или пак, планирате да вежбате, но поради секојдневните обврски нема време за теретана, ова е идеалната инспирација за вас. Во прилог погледнете 20-минутни вежби кои може да ги правите дома и за кои нема да ви треба опрема.
Во процесот на слабеење, вежбањето, покрај правилната исхрана, е неизбежен дел. Истото помага во согорување на калориите, топењето на масните наслаги, како и побрзо да ги видиме посакуваните резултати. А најважно е и да го активираме целото тело.
Во продолжение, германската блогерка Памела Риф ќе ви покаже како да го направите тоа:
Се што е потребно е само да ги следите нејзините чекори, а за помош во мерење на времето, во самото видео, во горниот десен агол е ставен автоматски тајмер и секако, за инспирација, видеото вклучува и музика која ќе ве размрда!