Од бездомник до професор: поранешен зависник од дрога комплетно си го променил животот
Џеси бил само дете кога првпат бел изложен на криминал, неговиот татко ги научил него и неговите браќа како да провалуваат во куќи барајќи храна кога тој имал само четири години.
Кандидатот за докторски науки, кој сега има 44 години, е роден во северен Саскачеван, Канада, откако неговиот татко избегал од законот во Западен Торонто и ја запознал неговата мајка, која е член на домородната група Метис Кри.
Таткото на Џеси имал проблеми со зависноста од дрога, тој изјави дека односот помеѓу неговите родители е „лоша судбина од самиот почеток“. Двојката се раздели и Џеси, заедно со неговите двајца браќа, се преселиле со мајка им во Moose Jaw.
Семејството останало таму сè додека таткото на Џеси не се вратил во нивниот живот, дврдејќи дека навидум ги надминал проблемите со неговата зависност. Тој рекол дека сака да се грижи за децата, па мајката на Џеси заминала малку да се одмори.
Таткото на Џеси го оставал него заедно со браќата сами во неговиот стан долго време, со малку или без воопшто храна, додека тој одел во потрага по дрога. Откако еден сосед поднел пријава за зпоставување на деца, момчињата живееле во разни згрижувачки домови пред да бидат однесени во домот на нивните баби и дедовци во Брамптон, Онтарио.
Растејќи кон крајот на 80-тите и раните 90-ти, Џеси гравитираше кон забави во подземните складишта каде што можеше ‘‘да се изгуби во дрогата“ и да се забавува со луѓе за кои сметал дека ‘‘навистина го разбираат“.
Џеси објасни: ‘‘Се изгубив таму, долго време… велат дека на прагот кон зависноста не се наоѓа марихуана туку траума, тоа е точно за мене.“
Училиштето никогаш не било силна точка за Џеси, тој решил да се откаже од образование во средно училиште. Тој се приклучи на криминална група и продолжи да користи дрога, постапки што довеле до влошување на односот со неговите баба и дедо. Тие верувале дека можат да ги видат квалитетите на таткото на Џеси кај тинејџерот и кога дознале дека тој е вмешан во дрога и со „погрешни луѓе“ го избркале од куќата, целосно уништувајќи го чувството на Џeси за поимот дом.
Џеси отпатувал за Ванкувер за да остане кај неговиот брат Џош, кој во тоа време бил припадник на полициските сили, но и покрај предупредувањата на Џош да не употребува дрога во неговиот дом, зависноста од Џеси сепак победи. Откако го фатил како пуши марихуана, Џош го исфрлил Џеси и со тоа почнала неговата „кариера како бездомник“.
Професорот објасни:
После тоа, јас само се селев од место до место, од засолниште до засолниште, останував на каучите на луѓето, понекогаш некој роднина ми дозволуваше да останам со него неколку месеци, но јас бев тркалачки камен, секогаш бев на тргнат кон следно место. Секогаш се безуспешно се обидував да се справам со моите зависности, никогаш не добивајќи ја потребната помош.
Џеси постојано бил приведуван поради разни престапи и затворската ќелија му била добро позната, често и добредојдена како место каде што може да преноќи. Во овој период, Џеси забележал еден затвореник кој „никогаш немал проблеми со никого“. Човекот се посветил на студирање, а Џеси одлучил дека ако го стори истото, може да ‘‘го смени својот живот“.
Кога започна, Џеси бил функционално неписмен, но бил истраен и посетувал на курсеви за општ развој (ГЕД) со капеланот на Армијата во затворот. Неговите цимери и другите околу него му помогнале да ги разбере своите задачи и на крајот Џеси почнал да се надева дека ќе може да го продолжи своето образование.
После неколку месеци Џеси стапи во контакт со центарот за рехабилитација наречен „Harvest House“, кој го спаси и го стави на патот кон закрепнување. Таму Џеси можел да ја продолжи својата програма GED и во декември 2008 година дипломирал како најдобар во својата класа.
Harvest House му помогна да се запише на универзитетот Карлтон, а Џеси поминувал ноќ по ноќ задлабочен во книгите. По некое време, „сè само кликна“ и Џеси станал помотивиран од кога и да е да продолжи.
Тој ја „замени“ својата зависност од кокаин и алкохол со опсесија за високи достигнувања и образование, иако истакна дека некои од искуствата што ги имал додека бил зависник од дрога имале улога во неговото учење.
Една работа во врска со тоа што бев зависник е дека научив работна етика. Никој не работи понапорно од зависник во потрага по следната доза – по цела неделата, 24 часа на ден.
Од 50.000 студенти на Универзитетот Јорк, Џеси дипломирал на врвот. Неговиот успех му донел, голем број награди, а и повеќе понуди за работа, но бидејќи Јорк е неговиот „академски дом“, тој решил да остане таму и да преземе улога на асистент професор.
Џеси, исто така, напиша книга за своите искуства, насловена „Од пепелта“, која стана најпродаваната книга во Канада за 2020 година и предизвика светско внимание.