Од келнерка до сопруга на арапски шеик – Неверојатната приказна на принцезата Наталија
Оваа приказна наликува на сценарио од некој Холивудски филм – просечна келнерка се претвора во арапска принцеза! Но, всушност станува збор за реална приказна во која главната улога ја има Наталија од Белорусија.
Таа со нејзиниот иден сопруг се запозна во ресторан, но не како клиент. Во тоа време, Наталија работеше во ресторанот како обична келнерка и ни најмалку не се сомневаше дека токму тој среќен ден целосно ќе го промени нејзиниот живот.
Саид Ибн Мактум Ибн Рашид Ал Мактум е името на шеикот кој одлучи тој ден да да руча во истиот ресторан, во Минск, кој важеше за еден од најдобрите. Наталија се доближи до мажот да ја прими нарачката, а Саид порача сок од портокал. Токму во тој момент, додека нарачуваше, истиот уште на прв поглед се вљуби во младата келнерка.
Се подразбира, тој не ги открил неговите чувства веднаш, но започнал да крои план како да го привлече вниманието на девојката.
На нивната прва романтична средба, шеикот ја одвел Наталија на стрелаштво, каде разговарале за религиите. По само 1 недела, Саид ја запросил девојката. Дури ги контактирал нејзините родители за да ја покаже неговата неизмерна почит и љубов.
Веднаш по бракот, Наталија преминала во ислам и го променила нејзиното име. Сега таа е позната како Ајша. Живее во неверојатно луксузен дворец, каде наместо домашни миленици чува леопарди и располага со многу слуги.
Наталија вели дека е пресреќна со нејзиниот живот и дека многу го сака својот сопруг. Богатството на шеикот се проценува на 16 милијарди долари, а покрај Наталија, тој има уште 4 други сопруги.