„Од L поминав во М величина со овој чај и затоа сакам да го споделам рецептот со жените кои имаат мака со слабеење“
Проблемот со вишокот килограми ја загрижува речиси секоја жена, особено кога веќе помина зимскиот период и следува планирањето на летниот одмор во блиска иднина.
За таа цел, денес ќе ви предложиме домашен рецепт за еден чај кој драстично ќе ви помогне да го решите проблемот со тежината.
Станува збор за чај од оригано, кое уште од древно време се користи не само како зачин, туку и како лек, особено за дигестивниот систем. Покрај тоа, ориганото го зајакнува имунолошкиот систем, штити од алергии, хроничен бронхит и опстипација.
Благодарение на неговото смирувачко дејство, тоа е одлично за користење при болна менструација, како и за ублажување на симптомите на ПМС. Во продолжение прочитајте како лесно да го подготвите.
Чај од оригано за брзо и ефикасно слабеење
Полејте 2 супени лажици сомелено суво оригано со 1 литар врела вода и оставете го така да отстои 20 минути. Следно прецедете ја течноста. Пијте по 100 мл од истата, 20 минути пред оброкот.
Ефектот од овој чај е неверојатен, при што за само 1-1,5 недели може да изгубите 4 до 5 килограми, без притоа премногу да се ограничувате во исхраната.