Oдбирате несоодветна долна облека, еве на што да обрнете внимание при изборот!
Гинеколозите препорачуваат неколку совети кои ќе ви помогнат при изборот на долна облека, која пред се треба да создава чувство на пријатност, без притоа да му штети на вашето здравје.
Избегнувајте ги танта гаќичките!
Иако овие гаќички се корисни кога сакате да облечете тесно и припиено здолниште или светла боја на панталони, тие се штетни по вашето здравје. Причината лежи во материјалите кои се користат за нивна изработка, но и во самата форма. Тие директно се допираат со вашето тело и предизвикуваат бактериите да се пренесуваат од задникот до вашите гениталии, и обратно. Тоа не смее да се случи, затоа избегнувајте ги.
Одбирајте памучен материјал!
Памукот е природна ткаенина, која во процесот на преработка не трпи големи промени во структурата. Тој и помага на кожата да диште, затоа и најмногу се користи во модната индустрија, наспроти материјалите како свила и чипка.
Внимавајте на долната облека кога спортувате!
Ако практикувате да вежбате и спортувате, имајте на ум дека треба да одберете соодветна долна облека, затоа избегнувајте ги спортските припиени гаќички. Напротив одберете комфорни и лесни гаќи кои нема да ве затегнуваат.
Внимавајте на детергентите со кои ја чистите долната облека!
Секоја жена сака пријатни мириси на својата гардероба, но кога е во прашање долната облека, претпочитајте таа да не се изнесува под дејства на штетни хемикалии кои ги содржат детергентите. Не заборавајте дека ова парче гардероба е во непосреден допир со вашето тело, па може да предизвика несакани иритации и инфекции на кожата доколку не се чисти правилно. Одбирајте детергенти кои имаат ниска Пе – Ха вредност и кои не се дополнително ароматизирани во процесот на изработка.
Избирате тесна и припиена долна облека, што е погрешно!
Слично како кај танга гаќичките, тесната долна облека, најчесто без рабови е полн погодок кога треба да ја искомбинираме со здолниште или панталони. Не заборавајте дека со овој избор, не и давате простор на вашата кожа да дише.