65-годишна жена одбива да оди во прифатилиште за бездомници без нејзините шест кучиња
65-годишна жена од Мексико ги зароби срцата низ целиот свет откако реши да живее во пластична кеса на улиците наместо во засолниште за бездомници за да може да продолжи да се грижи за своите шест кучиња
Луз Марија Олмедо Белтран, позната како Чоле, живее на улиците во Тихуана веќе осум години, таа од најлонската кеса прави импровизирано засолниште за себе и своите сакани кучиња.
Фотографот Омар Камарило ја фотографираше Чоле завиткана во обвивката. Фотографијата доби илјадници лајкови и коментари откако беше споделена на Фејсбук страната на новинската агенција Бланко и Негро.
Локалната полиција, наводно, се обидела да и помогне на Чоле поминувајќи 30 минути обидувајќи се да ја убеди да се пресели во прифатилиште, но се таа се расплакала кога помислила да ги остави своите сакани придружници .
Бидејќи животните не се дозволени во прифатилиштето, Чоле се плашела дека кучињата ќе бидат оставени сами на улица , па затоа и’рече на полицијата: „Не сакам да одам, не ми треба помош, тука ми е “.
Властите не можеа да ја напуштат Чоле во тие студени услови и по долг разговор успеаја да ја убедат да најде засолниште за ноќта. Сликите ја покажуваат како тргнува по улицата заедно со кучињата, по што се верува дека спиела во домот на нејзиниот син.
Следниот ден, 65-годишната Чоле повторно беше видена на улица со своите кучиња.
Фхотографот Омар рече дека е „шокиран од условите во кои живее жената“.
Тој додаде: „Можев да сфатам дека Чоле има големо срце затоа што им помага на животните и ситуацијата во која се наоѓа.“
Откако приказната за Чоле беше објавена на интернет, корисникот на Фејсбук Александра Кордова Кастро реши да се обиде да и понуди помош на постарата жена со тоа што и ’обезбеди вода, храна, ќебиња и чорапи.
Во објавата споделена на интернет, таа објасни дека сака животни и истакна дека Чоле „дава сè“ за своите кучиња. Таа ги повика луѓето да размислуваат како би било да се биде на улица бос и гладен и ги охрабри нејзините следбеници „да и‘ на Чоле купат некое тако или бурито бидејќи не чини повеќе од 20 пезоси“ .
За Чоле сега се вели дека плаќа 50 пезоси дневно за да остане во прифатилиште, и дека иако е во лоша состојба, дозволено е да биде со своите кучиња. Сега, кога нејзината приказна е споделена низ интернетот, таа се надева дека владата ќе и донира место за престој, за да може да спаси уште повеќе кучиња.