Одговорот на еден маж кој ги крена на нозе жените: „Не помагам на сопругата и никогаш нема да го правам тоа“
„Изненадени ли сте? Шокирани ли сте? Бесни, можеби? Младите дами веќе подготвиле камење ме маваат? Не брзајте! Во крајна сметка, постои една многу сериозна причина зошто јас не помагам на својата сопруга и никогаш не мислам да го правам тоа.“
Во продолжение прочитајте го одговорот на еден сопруг, зошто не помага на неговата сопруга.
„Еден мој добар пријател дојде на гости, да испиеме по едно кафе. Седнавме во кујната и започнавме да зборуваме општи теми за животот. За време на разговорот, станав и реков: „Да ги измијам шолјите и чиниите и веднаш се враќам.“
Пријателот ме погледна зачудено, како да сум му рекол дека ќе отсуствувам за да градам ракета за вселената. Целосно збунет, а потоа со благо воодушевување, ми рече:
„Се радувам што помагаш на твојата сопруга. Јас на мојата не помагам, бидејќи 2-3 помогнав околу нешто и ниту еднаш не ме пофали. Токму претходната недела го исчистив подот и ниту еден збор за благодарност не слушнав од неа.“
Се вратив на своето место и му објаснив дека јас не помагам на својата сопруга. Мојата сопруга нема потреба од помошник, туку има потреба од партнер. Јас сум нејзиниот партнер во домот и ние имаме различни функции во тоа партнерство, но домаќинството не е „помош“.
Јас не помагам на мојата сопруга да ја исчисти куќата, бидејќи и јас исто така живеам во оваа куќа и јас исто така имам обврска да ја чистам. Јас не помагам на мојата сопруга да ги измие садовите, бидејќи за време на ручекот и јас подеднакво ги користев тие садови.
Јас не помагам на мојата сопруга околу децата, бидејќи тоа се и мои деца, а ја сум нивен татко. Јас на мојата сопруга не помагам да пегла, бидејќи тоа се и мои алишта.
Јас не сум помошник во оваа куќа, туку дел од истата. Што се однесува до пофалбите, го прашав мојот пријател, последниот пат кога неговата сопруга го исчисти домот, ги изми садовите и ги среди децата, дали тој ја пофали, дали ја искажа неговата благодарност?
Но, не само едноставно „благодарам“, туку со чувство: „Драга, ти си неверојатна!“.
Нели ти се чини апсурдно? Нели ти е чудно што еднаш во животот си го исчистил подот, си ги измил чиниите и очекуваш некаков специјален трофеј за твоите заслуги? Зошто? Дали си размислувал за ова пријателе?
Пофали, за да бидеш пофален. Биди вистински партнер на својата сопруга, а не гостин, кој доаѓа во домот само за да јаде, спие, да се капе и да ги задоволи своите потреби. Биди дел од домот. Реалните промени во општеството започнуваат токму од нашиот дом.“