Одлична новогодишна понуда за оптички Интернет од Неотел
Поради исклучително големиот интерес за време на есенскиот период како и потребата од квалитетен интернет во овие периоди на онлајн настава и работа од дома, телекомуникацискиот оператор „НЕОТЕЛ“, одлучи повторно да ја овозможи досега најдобрата промотивна понуда за оптички интернет.
Сега, сите заинтересирани за квалитетен интернет, можат да активираат стабилен и брз оптички интернет со брзина 50 Mbps/50 Mbps за само 790 денари месечно што ќе им овозможи стабилна врска потребна за активна работа од дома.
Секако, во оваа промоција, исклучително поволен е пакетот Fiber 100 кој сега има попуст од дури 600 денари на месечната претплата и сега изнесува 1.190 денари месечно што е особено атрактивно за оние на кои им е потребен симетричен оптички интернет за брзо преземање на податоци како и за беспрекорен гејминг.
Воедно, имајќи ја во предвид состојбата, НЕОТЕЛ им овозможува на сите заинтересирани да поднесат барање за склучување договор директно на веб страната, со што заинтересираните ќе го избеднат сега непотребното присуство во продажните места.
Повеќе детали проверете на neotel.mk