Möller’s маслото од црн дроб на бакалар со одржлив риболов до подобра иднина
Möller’s масло од црн дроб на бакалар се добива од норвешкиот див арктички бакалар, уловен во регионите Лофотен и Вестерален, на норвешкото крајбрежје на Арктикот, каде што се наоѓаат најчистите ладни води во светот, но освен важноста на самите состојки на овој здрав, вкусен и природен производ важен е и начинот на кој се доаѓа до него.
Факт е дека нашата планета претрпува многу штети од загадувањето, дивиот рибилов и сите последици што следат од него. Затоа Möller’s маслото од црн дроб на бакалар, Orkla Health гордо промовира одржливи риболов практики и одговара на потрошувачите кои бараат производи кои ја поддржуваат одржливоста и грижата за животната средина.
На Möller’s маслото од црн дроб на бакалар можете да ја видите сината етикета на MSC (Советот за поморско управување) и тогаш со сигурност ќе знаете дека го правите вистинскиот избор, за вас, вашето семејство и целиот свет. Она што е најважно е дека дивиот арктички бакалар, од видот скреи, од кој се добива маслото за црн дроб на бакалар на Möller’s, потекнува од рибарите кои практикуваат одржлив риболов.
Што значи сината MSC етикета?
Дива, следлива, одржлива: сината етикета се применува само на диви риби или морски плодови од риболовци кои се сертифицирани со Стандардите за риболов на MSC , кои се сет од научно-базирани барања за одржлив риболов. Секое риболовно сертифицирано претпријатие е оценето независно за неговите специфични влијанија врз популациите на диви риби и екосистемите од кои се дел.
За време на синџирот на снабдување, од океанот до чинијата, рибата и морска храна сертифицирани од MSC се одделени од не сертифицирани. Јасно е обележано за да може да се проследи до овластените риболовци кои практикуваат одржлив риболов.
Што се тоа одржливи риболов практики?
Одржливиот риболов вклучува оставање на доволно количество риба во океанот (за да може да се репродуцира) и почитување на живеалиштето. Кога активностите за риболов се проценуваат независно, се земаат предвид три принципи:
- Одржливи резерви на риби
- Минимизирање на влијанието врз животната средина
- Ефикасно управување со риболов.
Пристапот на MSC значи дека секој може да игра улога во заштитата на иднината на нашите океани и рибните резерви, притоа уживајќи во морска храна, без да ја избегнуваат. Möller’s масло од црн дроб на бакалар придонесува за вашето здравје, за животната средина и за иднината на новите генерации.