Огромен молец забележан од семејство близу пешачка патека ги воодушеви корисниците на социјалните мрежи откако беше објавена слика од огромна бубачка на страната на Фејсбук за љубители на инсекти.

Семејството шетало низ планината Камп, северо-источно од Бризбејн, Австралија, кога го забележале џиновскиот инсект како седи на дрво.

Очигледно е  дека молецот е поголем од стисната тупаница на возрасен човек.

Додека многумина се прашуваа колку е редок инсектот, се верува дека фотографијата е од  џиновскиот дрвен молец кој најчесто се наоѓа на брегот на Квинсленд, особено во Бризбејн.

Овие молци можат да имаат распон на крилјата до 25 см и можат да бидат долги 15 см.

Тие имаат сива боја и имаат темно место на градниот кош.

Во текот на денот, овие молци ги преклопуваат крилјата на страните на телото за да можат да се камуфлираат во стеблата и гранките на дрвјата.

Обично се забележуваат во текот на летните месеци и се најтешкиот вид молци во светот со тежина до 30гр.

Џиновските молци може да се најдат низ Австралија, почесто се гледаат долж источниот брег.