Знаете ли дека витаминот Д има огромно влијание врз способноста на организамот да се бори со болестите, предизвикани од внатрешни и надворешни фактори?

Овој витамин содржи бројни хранливи вредности, но истовремено милиони луѓе се соочуваат со недостаток од истиот. Токму дефицитот на витамин Д е причината за појава на разни хронични заболувања. Бројни истражувања недостатокот на витамин Д го поврзуваат со појавата на кардиоваскуларни заболувања, хипертензија, хронична мускулна болка, остеопороза, фибромијалгија, онколошки заболувања и слично.

Зошто е важен витаминот Д за нашиот организам?

Витаминот Д влијае врз нашите гени и помага во спречувањето на појава на рак. Тој дејствува како модулатор/ демодулатор на хормоните и гените во телото, односно влијае врз клеточниот раст, ограничувајќи го проширувањето на канцерогените клетки.

Исто така, витаминот Д помага во спречување на појавата на разни инфекции, вклучувајќи и грип, како и обична настинка.

Зошто не добиваме доволно количество на витамин Д?

80% од неопходниот витамин Д секојдневно го примаме од сончевите зраци, но за жал, повеќето луѓе не се доволно изложени на сончева светлина и затоа страдаат од недостаток на овој витамин.

Како може да го зголемиме нивото на витамин Д?

Најдобриот начин да го сториме тоа е на природен начин, преку консумирање на храна богата со витамин Д. Овде спаѓаат маслото од црн дроб на риба, јајца, бели печурки, варена скуша и варен лосос.