Не е страшно да имате потемнета кожа во пределот на лактите и колената, тоа е само здебелена и мртва кожа, како резултат на триење, сонце и притисок. Еве неколку природни начини како да го решите овој проблем и со задоволство да го облечете омилениот фустан во летото што следи.

Шеќер и маслиново масло

Се меша еднаква количина на шеќер и маслиново масло. Со смесата се трие кожата на лактите и колената а потоа се мие со благ сапун.

Алое вера гел

Овој гел ќе ги намали темните дамки на кожата предизвикани од сонце. Гелот се остава да отстои 30 минути, а потоа вашата кожа ќе изгледа свежа и обновена.

Бадеми

Бадемите содржат витамин Е и се одлични за кожата. Иситнете ги бадемите и тријте ги од потемнетите места. Така ќе се отстранат мртвите клетки од кожата.

Лимон

Лимонот помага при осветливање на кожата. Сок од лимон се нанесува на потемнетите места и се остава да отстои 40-50 минути. Потоа измијте го местото со вода. Правете ја постапката еднаш дневно.

Лосион со зашитен фактор

Лосионите за сончање се одлична превенција за потемнети места. Редовно нанесувајте ваков лосион кога излегувате надвор и ја изложувате кожата на сонце. Ваквите лосиони штитат од штетните УВ зраци.