Отечени нозе: Што може да направите во домашни услови и кога да побарате итна лекарска помош
Отекувањето на нозете не е необична појава, а со истата се соочуваат многу луѓе секојдневно. Постојат 2 главни причинители за овој здравствен проблем: Едем или воспаление. А еве кои работи и состојби ги предизвикуваат истите да се појават.
Најчести причини за отечени нозе и нивни симптоми
Едем
Едемот или наполнување со течности се случува кога ткивата или крвните садови на нозете задржуваат повеќе течност отколку што треба. Ова може да се случи ако едноставно поминете долг ден на нозе или седите премногу долго. Но, тоа исто така може да биде знак дека имате прекумерна тежина или дека не вежбате доволно или да имате посериозни медицински состојби.
Еве што може да предизвика едем:
- Конгестивна срцева слабост: Ова се случува кога вашето срце е премногу слабо за да ја испумпува целата крв што ви треба на вашето тело. Се манифестира со отечени нозе, отежнато дишење, кашлица, изнемоштеност.
- Длабока венска тромбоза (ДВТ) и тромбофлебитис: Ако имате ДВТ, тоа значи дека има тромб во вена на ногата. Се манифестира со отечени нозе, болки и грчеви во нозете, затоплена кожа и кожа со црвена или сина боја.
- Проширени вени и хронична венска инсуфициенција: Се јавуваат кога вентилите во вените на нозете не ја одржуваат крвта што тече кон срцето. Се манифестира со проширени вени и отечени нозе, болка по стоење долго време, сува и иритирана кожа, промена во бојата на кожата како сина или виолетова.
- Проблеми со бубрезите: Кога бубрезите наместо да филтрираат вода и отпад од вашата крв, течноста се собира во вашето тело, што предизвикува оток на рацете и нозете, мачнина и отежнато дишење.
- Употреба на лекарства: Лековите за срце наречени блокатори на калциумови канали, нестероидни антиинфламаторни лекови како аспирин и ибупрофен често може да предизвикаат отекување на нозете.
- Бременост: До третиот триместар, бебето врши притисок врз вените на нозете, со што се забавува циркулацијата на крвта и предизвикува таложење на течности. Се манифестриа со благо отечени нозе, главоболка и промени во видот.
Воспаление
Тоа се случува кога ткивата на нозете се иритираат и отекуваат. Ова е природен одговор ако скршите коска или искинете тетива или лигамент, но исто така може да биде знак на посериозно воспалително заболување, како артритис.
Еве што може да предизвика воспаление:
- Артритис и други проблеми со зглобовите: Гихт, бурзитис на колената, остеоартритис, ревматоиден артритис
- Повреди: Истегнувања, скршени коски, руптура на Ахиловата тетива (остра болка во грбот и долниот дел од нозете), раскинување на предниот вкрстен лигамент (болни и отечени н0зе, особено во долниот дел) целулитис (отечени нозе црвени точки, температура, црвенило, чешање)
Како да ги третирате отечените нозе во домашни услови
Намалете ја консумацијата на солената храна, носете чорапи со компресија, вежбајте секој ден, при долго возење со автомобил потрудете се да правите паузи колку што е возможно почесто, доколку летате со авион станете од своето место и движете се што е можно повеќе, дома практикувајте да ги кревате нозете над нивото на срцето половина час, неколку пати на ден.
Кога да посетите лекар?
Побарајте итна медицинска помош ако имате оток на нозете и некој од следниве знаци или симптоми, што може да укаже на згрутчување на крвта во белите дробови или сериозна срцева состојба:
- Болка во градите
- Тешкотии при дишењето
- Отежнато дишење со напор или додека лежите во кревет
- Вртоглавица
- Кашлање крв
Исто така, побарајте итна помош ако отокот на ногата:
- Се појавува одеднаш и без очигледна причина
- Е поврзан со физичка повреда, како на пример од пад, спортска повреда или сообраќајна несреќа
- Се појавува во едната нога и притоа чувствувате болка, која пропратена со ладна, бледа кожа