Отечени образи: 10-те најчести причини и кои се 4-те најдобри домашни третмани
Отечените образи може да го направат лицето видно подуено или заоблено. Отокот може да се развие без болка, или со симптоми како омекната кожа, чешање или пецкање. Може да добиете чувство да имате оток на устата т.е во внатрешноста на образот.
Најчести причини за отечени образи и нивни симптоми
- Прееклампсија: Предизвикува висок крвен притисок за време на бременоста, често започнувајќи околу 20-та недела. Оваа состојба може да предизвика ненадеен оток на лицето и рацете.
- Целулитис: Инфекција која јавува кога бактериите влегуваат во кожата преку повреда или пукнатина. Може да биде опасна по живот доколку се прошири. Се манифестира со оток на долниот дел од нозете и образите. Може да добиете покачена температура, плускавиц и црвенило на кожата.
- Анафилакса: Опасна по живот алергиска реакција. Вашето тело влегува во шок, во кој момент дишните патишта се стеснуваат и доживувате оток околу лицето, јазикот или грлото. Овој оток може да предизвика подуени образи.
- Апсцес на заб: Џеб полн со гној што се формира во устата. Предизвикан е од бактериска инфекција и се карактеризира со болка и оток околу образите. Може да биде пропратен со прободувачка забоболка и покачена температура.
- Перикоронитис: Воспаление на ткивото на непцата околу забот. Симптомите на перикоронитис вклучуваат отечени непца и образи, испуштање на гној и непријатен миризлив вкус во устата.
- Заушката: Вирусна инфекција која исто така може да доведе до отекување на образите. Оваа инфекција влијае на плунковните жлезди, предизвикувајќи оток на едната или на двете страни на лицето. Други симптоми вклучуваат покачена температура, главоболка и болка во мускулите.
- Повреда на лицето: Повреда на лицето може да предизвика и отечен образ. Ова може да се случи по пад или удар во лицето. Повреда на лицето понекогаш може да резултира со фрактура на коска.
- Хипотироидизам: Може да предизвика подуено лице. Другите симптоми вклучуваат замор, зголемување на телесната тежина, мускулна слабост, вкочанетост на зглобовите и нарушена меморија.
- Долга употреба на стероиди: Долготрајната употреба на стероидот преднизон (се користи за лекување на автоимуни состојби) е уште една можна причина за отечени образи.
- Тумор во плунковната жлезда: Може да предизвика оток на образите, како и на устата, вилицата и вратот. Едната страна од лицето може да се промени во големина или форма. Другите симптоми на тумор во овој дел од телото вклучуваат отежнато голтање и вкочанетост на лицето.
Како да го третирате отечениот образ во домашни услови
Третманот за отечени образи варира и зависи од основниот медицински проблем. Подуеноста можеби нема да исчезне целосно додека не ја утврдите конкретната причина за овој проблем, но следниве домашни совети можат да помогнат да се намали отокот во образите:
- Ладна компресија: Ладната терапија го намалува отокот и може да ја запре болката со вкочанетост на засегнатата област. Поставете ладна облога на образите 10 минути, а потоа направете пауза исто така од 10 минути. Не ставајте мраз директно на вашата кожа. Наместо тоа, завиткајте го со крпа.
- Кренете ја главата: Висината го намалува протокот на крв во отечената област и го намалува отокот. Пробајте да одмарате исправено на стол или кренете ја главата со дополнителни перници додека сте во кревет.
- Намалете го внесот на сол: Консумирањето на солена храна може да го зголеми задржувањето на течности и да ги влоши отечените образи. Заменете ја солта во вашите оброцоци со одредени природни зачини.
- Масирајте ги образите: Масирањето на областа може да помогне во преместување на вишокот течност од овој дел од лицето.
Кога да посетите лекар?
Закажете лекарски преглед за секој оток на образот што не се подобрува или се влошува по неколку дена. Исто така, треба да одите кај лекар за сите пропратни симптоми како што се:
- Силна болка
- Тешкотии при дишење
- Висок крвен притисок
- Вртоглавица
- Вилна болка во стомакот.