Маж од Тајланд постави скриена камера во својот дом, а снимениот материјал го натера целосно да го промени своето однесување кон неговата сопруга.

Многумина размислуваат погрешно, мислејќи дека да се биде мајка и да се грижиш за децата е најлесната работа. Не мора да одиш на работа, да исполнуваш обврски или да имаш контакт со непријатни лица. По цел ден само седиш дома со децата и се забавуваш.

Поттикнат од истото вакво размислување, овој маж од Тајланд решил тоа и да го докаже, со поставување на скриени камери во неговиот дом, за да набљудува што прави неговата сопруга по цел ден.

А откако ги прегледал снимките од камерите, останал без зборови од фактот колку многу неговата сопруга поминува време со нивното дете, притоа и без да се одделува од детето, сите домашни обврски биле беспрекорно извршени. Сопругата никогаш не се жалела дека е уморна.

Шокираниот маж направил колаж од снимките и ги објавил на Фејсбук, притоа во описот на објавата напишал: „Немам доволно зборови за да ја изразам мојата благодарност кон мојата сакана сопруга за нејзината пожртвуваност. Ти благодарам што се грижиш за нашето дете. Мажите кои одат на работа, кога ќе се вратат дома, не престануваат да се жалат колку се уморни. И сметаат дека на жените им е многу полесно. Но, живеат во голема заблуда, бидејќи не знаат колку многу труд е потребен за домашните обврски.

Променете го вашето мислење, бидејќи грижата за детето и домот воопшто не е лесна работа. Дури сметам дека е потешка од нашата работа.“- напишал Ватхват на неговиот профил.

Неговата објава за брзо стана Интернет хит, достигнувајќи 34.000 допаѓања и 32.000 споделувања.