Откако лек ѝ го уништил телото и ѝ било кажано дека никогаш нема да затрудни, сега оваа жена го очекува своето чудо
24-годишната Даника Херон, од Јужен Велс, во 2014-та година, само неколку денови пред нејзиниот 19-ти роденден добила мистериозен осип на нејзиното тело, кој довел до развивање на Стивен-Џонсон синдром.
Синдромот СЈС е сериозна и ужасна реакција на лек или инфекција, која ги зафаќа кожата, мукозните мембрани, очите и гениталиите.
Паѓајќи во замка на смртта, кожата на Даника започнала зголемено да паѓа и да се појавуваат плускавци насекаде, а нејзините родители, 48-годишната Кармен и 47-годишниот Скот, паднале во очај бидејќи никако не можеле да му помогнат на нивното мало девојче.
По три недели поминати во болница, Даника се чувствувала малку подобро, но докторите ја предупредиле дека поради големата оштетеност на внатрешните органи и лузни предизвикани од Стивен-Џонсон синдромот, таа најверојатно сега е неплодна и никогаш во животот ќе нема можност да стане мајка.
Но, во Декември минатата година, девојката која доживеа катастрофална реакција на лекови за епилепсија, откри дека е бремена.
„Даника е нашиот борец, а малото синче кое сите со нетрпение го очекуваме е нашето чудо. Таа се уште се соочува со Стивен-Џонсон синдромот, но пресреќна е што ќе започне нов живот. Ќе се оствари како мајка и ние сме премногу возбудени за неа“- изјави нејзината мајка, која во името на Даника ја сподели веста со јавноста.
Даника ја делат само неколку недели од раѓањето на својот син.