Откако мајка им починала брат и сестра фрлиле порака во шише и по 2 години добиле неочекуван одговор
Нема ништо посентиментално од пораката во шише. И покрај тоа што скоро сите знаат за оваа идеја, многумина се обиделе. Едно семејство било во очај откако нивната сакана мајка починала, па решиле со порака во шише да си ја олеснат болката.
Пред две години брат и сестра одлучиле да стават фотографија од нивната покојна мајка во шише. „Јас и мојата сестра одлучивме да фрлиме шише во океанот и да видиме каде ќе заврши приказната за нашата мајка.“, вели братот.
Тие исто така додале мала белешка во шишето на која пишувало: „Ако го најдете ова шише, ве молиме јавете се или пишете ни. Почетна точка е Атлантик Бич, Северна Каролина.“
За жал, нивниот прв обид не бил толку успешен. Само еден час подоцна, откако ја напуштиле плажата, една жена контактирала со нив, велејќи дека го нашла шишето. За среќа таа наредниот ден требала да оди во лов на ракчиња и им ветила дека повторно ќе го фрли шишето во океанот.
И така започнало вистинското патување. Кој би помислил дека една фотографија ќе помине над 6.000 километри и ќе заврши на песочна плажа во Мароко?
Тоа е сценарио дефинитивно достојно за филм. Човек го пронашно шишето на плажа во градот Тарфаја и веднаш пратило порака до семејството, кажувајќи им ја точната локација каде шишето било пронајдено.