Откако мојот пријател ми го кажа овој трик, јас веќе не ја плевам градината
Плевењето е едно од најдосадните работи, но постојат средствa, за борба против нив.
Да се шетате секое утро по прекрасната тревник е задоволство. Но за да изгледа атрактивно зелената трева, треба да се потруди човек, бидејќи е потребно редовно да се искоренуваат нејзините главни непријатели – плевелите. Дури да ги корните секој ден, тие повторно се појавуваат.
Но, ние ќе ви откриеме евтини и еколошки средства кои можат да ви помогнат за справување со овој проблем.
Средства за борба против плевелите
1. Сода
Ако ве нервираат досадните плевели кои растат во фугите меѓу плочките и други слични места – сода бикарбона е идеално средство. Само посипете со неа на овие места и овие паразитски растенија нема да раснат повеќе таму.
2. Сол
Можете да приготвите раствор – 1 чаша сол и 2 чаши зовриена вода. Прелијте ги со него местата околу своите насади и таму нема да никне повеќе плевел. Исто така, можете едноставно да посипете со сол на несаканите растенија. Солта некое време нема да дозволи да израснат нови.
3. Оцет
Со оцет напрскајте го плевелот, обрнувајќи посебно внимание на неговите корени. Правете го ова многу внимателно, бидејќи оцетот има ист ефект и кај другите растенија.
4. Водка
Измешајте 30 мл вотка, неколку капки течен сапун и 2 чаши вода. Истурете во шише и испрскајте ги плевелите кои растат на сонце. Така тие ќе се исушат и долго време нема да растат. На паразитски растенија кои растат на сенка, тоа средство нема да дејствува.
5. Покривка
За масовна борба со плевелот помага многу добро познатиот народен метод – покривка со органски или неоргански материјали. Плевелот не може да израсне, бидејќи нема доволно сончева светлина.
6. Хербицид сапун
Споменувајќи за оцет и сол, не може да не се спомене и за ова ефективно средство. За да направите сами средство за уништување на плевелите, измешајте еднакви делови сол, оцет и рендан домашен сапун. Напрскајте ги со оваа смеса плевелите.
7. Пченкарно брашно
Таков производ спречува никнување и развој на растенија од семе. Одреден вид глутен во неговиот состав делува како средство за блокирање на ртењето. Затоа, најсоодветно е тоа да се користи во средината на летото, кога културните растенија се веќе пораснати и за нив тоа средство нема да претставува опасност.