„Откако пробав „голи“ сарми, веќе не подготвувам други- Ставате сè во тавата и добивате вкусно чудо!“
Зарем може зима без кисела зелка? За денес ви претставуваме еден неверојатен рецепт за голи сарми, кои се подготвуваат многу брзо и лесно, а кои ќе го освојат вашето срце!
„Голи“ сарми со кисела зелка
Потребни состојки
- 1 мала кисела зелка
- 500 гр мелено месо
- 5 супени лажици ориз
- 2 глави кромид
- Чубрика
- Мелен црн и црвен пипер
- Масло за готвење
- Кашкавал по желба
Начин на подготовка
Исечете ја зелката и сварете ја, додека да омекне.
Следно, исечете го излупениот кромид на ситни парчиња и поставете го да се пржи во малку масло за готвење, заедно со оризот и меленото месо, а на крај зачинете со мелениот црвен и црн пипер.
Измешајте го меленото месо со зелката во соодветен сад за печење, додаде малку вода и поставете го јадењето да се пече, до целосно приготвување на оризот.
За пораскошен вкус, одозгора може да нанесете малку рендан кашкавал и притоа вратете го садот назад во рерната, додека кашкавалот не се растопи.
„Голите“ сарми сервирајте ги додека се уште се топли.
Пријатен апетит!