„Откако сама правам освежувач за воздух, веќе не купувам – Насекаде во домот мирисa свежо и пријатно, а воедно е поевтино“
Зад пријатниот мирис на купечките освежувачи за простории се кријат многу токсични хемикалии како фенол, формалдехид и фталати. Овие елементи продираат во белите дробови и му штетат на нашето здравје.
Со цел да го сочувате вашето здравје, а покрај тоа, вашиот дом и понатаму да мириса неверојатно свежо и пријатно, може многу лесно да направите свој домашен освежувач, а еве и како.
Домашен освежувач на воздух
Прекрасните вишок тегли кои ги имате во домот сега може да ви бидат навистина корисни, без да ги фрлате.
Што ќе ви биде потребно
- 1-2 мали убави тегли со капак
- Сода бикарбона
- Етерично масло или смеса од повеќе етерични масла по ваш избор
Начин на подготовка
На дното на теглата додадете сода бикарбона, формирајќи слој од 1 центиметар.
Следно, додадете 7-12 капки етерично масло.
Затворете ја теглата со капак и добро протресете ја содржината внатре.
Направете неколку мали дупки во капакот, користејќи шрафцигер и чук.
Затворете ја теглата со капакот со дупки, а домашниот освежувач е веќе готов!
Ако не можете да ја затворите теглата со капак, на дното поставете свеќа и запалете ја. Истата ќе помогне во зајакнување и проширување на пријатната арома низ домот.