Откако видело дека учениците купуваат храна со пари на штандот куче решило да го направи истото на свој начин
Сите знаеме дека „парите не растат на дрвја“, но изгледа едно куче не е запознаено со оваа изрека. Паметното куче Негро сакало да се обезбеди со храна така што се обидело да плати со помош на лисја од дрво.
Негро живее во Институтот за диверзифицирано техничко образование на Монтереј Казанаре во Колумбија. Кучето било посвоено од страна на персоналот и слободно се шетало низ дворот на училиштето. Учениците понекогаш купувале колачиња во локалниот штанд, но еден ден кучето одлучило дека е време да престане да моли за колачиња бидејќи имало подобар план.
По внимателно набљудување оваа куче направило нешто незамисливо: „Еден ден, спонтано, тој се појави со лист во устата, го мавташе опашот и се обидуваше да ми покаже дека сака колаче.“, вели Ангела Гарсија Бернал. Продавачката не можела да го одбие и му дала колаче на Негро.
Оттогаш негро доаѓа секој ден на штандот по колаче и редовно плаќа со лист од дрво. Бидејќи неговото богатство буквално расте на дрва, персоналот на продавницата одлучил да му дозволи на Негро да „купува“ колачиња само неколку пати на денот.