Откриена е интересната тајна за децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
Во последно време, децата на 37-годишната војвотка Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се доста активно вклучени во животот на кралското семејство.
Пред неколку дена, 4-годишната принцеза Шарлот, 6-годишниот принц Џорџ и едногодишниот принц Луи присуствуваа на официјалната божиќна вечера, заедно со нивните родители во Бакингамската палата.
Се зборува дека наследниците на Вилијам и Кејт оваа година за првпат ќе се појават и на јавно место за Божиќ, во Сандрингам.
Според преставниците на кралскиот пар, Вилијам и Кејт се подготвуваат следната есен да го заземат кралскиот трон, при што во тајност ги подготвуваат и своите деца за овој голем чекор, но истовремено внимателно се обидуваат да им овозможат нормално детство, колку што е повеќе возможно.
Иако децата уште од сега ќе поминуваат низ најразлични обуки и специјални часови, благодарение на нивните родители, тие воедно ќе имаат
Родителството е најважно за принцот и војвотката од Кембриџ, а во една пригода, принцот Вилијам изјави дека ги најмногу посветува внимание да ги научи своите деца да бидат хумани, особено кога постојано забележуваат бездомни лица на улиците во Британија.
„Секогаш им ја објаснувам ситуацијата, кога ќе забележат бездомник на улицата, бидејќи кога ќе видат, се чудат и прашуваат.“- вели принцот Вилијам.