Откријте каква фризура ви одговара, според формата на лицето
Постојат многу фактори кои влијаат врз одлуката за нова фризура. Овој пат нека ви помогне и вашата форма на лицето. Во продолжение откријте какво лице имате и каква фризура ви препорачуваат светските експерти.
1. Долгнавесто лице
Форма на лицето: Челото, јаболчиците и брадата се со слична ширина.
Кога станува збор за долгнавестото лице, славните дами како Ким Кардашијан, Жизел Бундхен и Викторија Бекам најдобро знаат како да ја стилизираат косата, бидејќи имаат таква форма на лицето.
Најдобро е да се прекрши издолжувањето со архитектонски линии. Така, шишките и „боб“ фризурата се идеалниот избор за овој тип на лице, а истовремено брановидната структура ќе создаде асиметричен баланс, правејќи го лицето да изгледа не толку долго.
2. Тркалезно лице
Форма на лицето: Ширината и должината на лицето се приближно иста големина
Според светскиот стилист на коса, Пол Лаберк, фризура со повеќе слоеви и степени е совршена за дамите со тркалезна форма на лицето. Овој тип на фризура создава илузија на лице со помеки линии и оддава слика на шармантна овалност.
3. Срцевидно лице
Форма на лицето: Челото е пошироко, а брадата поостра.
Кога станува збор за лицето со форма на срце, стилистките на славните дами, Рита Хазан и Еуџин Тоје ги препорачуваат кратко стрижените „пикси“ фризури, долгите слоеви или средните степени. За овој тип на лице најидеален пример се славните дами како Хали Бери, Скарлет Џохансон и Рис Витерспун, кои можат да ви послужат како инспирација.
4. Квадратно лице
Форма на лицето: Челото, јаболчиците и вилицата се со иста ширина.
Експертите за коса од компанијата Дав велат дека шишките, особено шишките од т.н „завеса“ стил се совршениот акцент за квадратната форма на лице. Фризурите на страна или неуредното коњско опавче исто така се супер опција за дамите со вакво лице. На квадратните лица истовремено, совршено би прилегале опуштените и брановиди слоеви во кратка верзија.
5. Овално лице
Форма на лицето: Челото е малку пошироко од брадата, а јаболчиците се повисоки.
Дамите со овално лице ја имаат една од формите што може да се прилагоди на многу фризури и притоа можете да изберете каква фризура сакате во моментот. Пр. Подолгиот боб со шишки како што носи славниот супермодел Бела Хадид, ги акцентира јаболчиците, а можете да се инспирирате и за нешто посмело, како шишки над веѓите или кратки локни.