За разлика од обичниот хороскоп кинескиот хороскоп се однесува на годината на раѓањето, а не на месецот. Оваа табела, според годината на раѓање, ќе ви помогне да откриете под знакот на кое животно сте родени вие, а подолу под секоја слика ќе можете да откриете и нешто повеќе за вашиот крактер.

 

Глушец

Луѓето родени во овие години се паметни и шармантни. Тие се љубопитни, но многу често се мотивирани од парите.

Вол

Луѓето родени со овој знак се упорни и искрени. Имаат силна верба и често можат да бидат тврдоглави на свој начин.

Тигар

Овие луѓе се храбри и независни. Луѓето ги почитуваат поради мудроста и храброста, но понекогаш можат да станат и арогантни кога ќе постигнат некој успех.

Зајак

Луѓето родени во овој знак се популарни, затоа што се искрени и избегнуваат конфликти. Иако се многу чувствителни, многу се двоумат, со што можат да си ја пропуштат шансата.

Змеј

Змејот е моќен знак. Луѓето родени во овие години се енергични и чувствителни. Не сакаат лицемерие и оговарање и понекогаш можат да бидат арогантни и нестрпливи.

Змија

Луѓето во овој знак се мудри и итри. Тие имаат смисла за хумор и дарба за литература и уметност. Но понекогаш премногу се сомневаат во луѓето, со што стануваат параноични.

Коњ

Луѓето со овој знак имаат топло срце и се многу опуштени. Независноста им е најсилна страна, но понекогаш се премногу искрени со луѓето.

Коза

Овие луѓе уживаат да бидат сами со своите мисли. Тие се креативни мислители и ја сакаат уметноста. Иако се економични и внимателни, можат да бидат и неодлучни.

Мајмун

Луѓето родени под овој знак сакаат да ги засмејуваат другите. тие се полни со енергија и оптимизам, но понекогаш им недостасува самоконтрола.

Петел

Петелот е искрен и вреден. Тие ретко сметаат на другите луѓе во секојдневниот живот, што може да ги направи нестрпливи кога се соочуваат со луѓето.

Куче

Овие луѓе се многу верни и одлично чуваат тајни. Не се плашат од животните бариери, но понекогаш премногу се грижат.

Свиња

Луѓето со овој знак се чесни и со добри манири. Секогаш им ги простуваат грешките на другите луѓе, понекогаш поради нивната наивност и лековерност.