Рекламите нè тераат да мислиме дека облеката, чантите и накитот од луксузни брендови се индикатори за успех. Но прашањето дали скапата облека е поисплатлива сe` уште е тема на дебати. Затоа решивме да провериме дали скапите работи се поквалитетни од облеката на обичниот пазар.

Оваа жена помина неколку часа во соблекувалните на продавниците за облекаа пробувајќи скапи и ефтини прачиња и со нас ќе ги сподели нејзините импресии и мислење околу целата работа.

Фармерки

Мисијата започна со парче облека што секој од нас го поседува- фармерки. За да ја добијам вистинската слика пробав неколку пара скапи фармерки и неколку пара ефтини. Првиот впечаток беше следниот: „Не разбирам зошто некој треба да плати 10 пати повеќе за фармерки од луксузни продавници“.

Фармерките од продавници со пристапни цени изгледаат исто толку добро како и моделите што чинат 200 долари и повеќе.  Фармерките за 20 долари направени во Бангладеш беа поквалитетни и не беа излитени за разлика од моделот за 200 долари направен во Тунис. Ова значи дека фармерките, кои чинат 10 пати повеќе, не се секогаш подобри од ефтините.

Вреди да се напомене дека фармерките што чинеа повеќе имаа детали што визуелно го направија моделот да изгледа поинтересно.

Кошули и блузи

Бев во можност да најдам навистина добри парчиња за ефтина цена, изгледаа убаво и материјалот (бар на допир) беше пријатен.

Но тука морам да нагласам дека многу зависи од што се направени парчињата, на пример скапа блуза од полиестер ќе биде исто толку непријатна како и ефтина блуза од истиот материјал. Меѓутоа нема да може да најдете ефтина блуза од свила која има пријатно чуство на вашата кожа.

Понатаму забележав дека на ефтините кошули често знае да падне копче дур ги облекувате, што не беше случај со поскапите. Често забележував дека на ракавите има отпарани конци, особено кај ефтините модели.

Конци што висат не забележав единствено кај кошули што чинат околу 150 долари и се направени од свила.

Фустани

За експериментот се одлучив за 2 модели со различни цени. Не ми се допаѓаа кратките фустанчиња затоа што беа неудобни и постојано се изместуваа. Но морам да признаам дека поскапото фустанче повеќе ми се допадна поради деталите.

Ефтиниот долг бел фустан ми се допадна. Но ако се спореди со тиркизниот скап модел од неколку стотици долари, првиот заостануваше многу. Ја чувствував разликата во ткаенината: белиот фустан беше погруб, а тиркизниот фустан ми ја милуваше кожата со својот свилен допир.

Маици

Кога споредив 2 обични маици, кои беа 10 пати различни по цена, дојдов до заклучок дека нема значителна разлика меѓу нив. Дури повеќе ми се допадна маичката од 10 долари поради нејзиниот стил. Патем, кога ги свртев одвнатре, бев изненадена од квалитетот на нивните шевови.

Здолништа

И двете здолништа изгледаа пристојно. Иако ефтиното изгуби заради својот квалитет.

Капи

Не чувствував никаква разлика во квалитетот или удобноста, иако црната капа чини 10 пати повеќе.

Накит

Според продавачот, ефтиниот метален ланец може да се обои ако се навлажни или ако испрскам парфем врз него. Другиот ланец за неколку стотици долари (според продавачот) е направен од посебна легура која нема да пушти боја. Морам да напоменам дека продаваачот не знаеше да ми објасни за каква легура станува збор.

 

Како заклучок сакам да напоменам дека дефинитивно знаеме да плаќаме премногу за марки, а за возврат да добиеме квалитет како и во обичните продавници. Кога избирате парче облека обрнете внимание на квалитетот, а не на марката. Понекогаш може да најдете навистина квалитетна облека со пристапна цена која ќе ви трае со години. Тука вреди да се напомене дека „брзата мода“  има многу големо влијание на загадувањето и злоупотребата на работна сила во помалку развиените држави. Имајте го ова на ум следен пат кога ќе помислите  дека немате што да облечете.