Отстранете го непријатниот мирисот од одводот за 15 минути
Дали некогаш ви се случило да влезете во вашиот дом и да почувствувате тежок и непријатен мирис на отпадна вода? Ова не е невозможно сценарио, бидејќи колку и да чистите, проблемот вообичаено доаѓа од самата канализација.
Честата употреба на средства наменти за ова цел не се препорачува, бидејќи пресилниот хемиски состав може да ги оштети сифоните.
Како да го прочистите одводот за 15 минути
За да не ги оштетите цевките, најдобро е да употребите соодветни домашни состојки. За таа цел, направете смеса од сода бикарбона, морска сол и оцет во сооднос 1:1:2.
Добиената смеса исипете ја во одводот и оставете ја да дејствува 15 минути, а потоа исплакнете со топла вода.
Исто така, друг ефикасен трик кој ќе ви помогне за решавањето на овој проблем е употребата на лимон. Пресечете го лимонот на половина и истиот поставете го на врвот на отворот од одводот. Оставете го така да дејствува во текот на целата ноќ и веќе следното утро, проблемот ќе биде решен.