Ова 15-годишно девојче има само една рака и големо срце, со кое им помогна на дечињата слични на неа
Запознајте ја 15-годишната Оливија Стори, девојче со огромно срце и неверојатен хуман карактер!
Кога Оливија била само 2 години, таа ги изгубила обете нозе и левата рака, односно морала дури 3 пати да минува низ тешка ампутација, борејќи се со менингитис (воспаление на мозочните обвивки).
Кога таа била помала, нејзиното семејство собрало доволно финансиски средства за да нивната ќерка секогаш може да си дозволи вештачки екстремитети, па дури и ако истите не биле достапни во англискиот здравствен систем.
Вештачките или простетички екстремитети и овозможиле на малата Оливија живот како што сите останати деца имале, односно ништо не и недостигало: Можела да трча, плива, дури и да свири виолина.
Денес, 15-годишна возраст, Оливија научила како да живее и без простетичките екстремитети, но сè уште користи еден пар нозе кои се наменети за секојдневието и еден пар, кој служи како резерва, додека првичниот би се скршил или би му недостасувале делови.
Сега младата и храбра девојка се одлучила да еден неверојатен хуман гест!
Односно, Оливија решила да ги донира сите нејзините вештачки екстремитети што ги користела во текот на нејзиното детство до 15-годишна возраст, во хуманитарни цели на една ваква организација која им помага на децата со ампутирани екстремитети, кои живеат во Африка.
Оливија вкупно донираше 25 простетички нозе, како и простетички раце, заедно со додатни делови кои се со специјална намена.
„Се надевам дека моите вештачки екстремитети ќе им помогнат на дечињата во Африка кои поминуваат низ истото што и јас, а кои не можат да си ги дозволат скапите протези. Едноставно се чувствувам среќна бидејќи ќе направам и други луѓе да бидат среќни. Би сакала да ги запознаат и децата на кои донирам, да ги слушнам нивните приказни и како мојата донација им помогнала!“– вели Оливија