Борбата против коронавирусот продолжува со полна сила и додека некои земји ги затегнуваат мерките, други ги разлабавуваат, постои и трет тип – оние кои веќе целосно се ослободени од заразата.

Прв случај на ваква земја се случи со Гренлад, каде и официјално од здравствениот систем беше испишан последниот оздравен пациент од коронавирусот. Најголемиот остров во светот воедно е и една од најретко населените територии, односно на површина од 2,16 милиони квадратни километри живеат едвај 56.000 жители, со што правилото за социјално дистанцирање беше и премногу лесно усвоено. Односно, според тамошните извештаи, меѓу жителите можело да се овозможи и дистанца од 140 метри, наместо 2, како што препорачува СЗО.

Првиот случај на заразен пациент во земјата беше регистриран на 16-ти март, а на почетокот на Април, бројот на заразени луѓе достигна до 11. По 21 ден, нема ниту еден нов случај забележан, а сите заразени се целосно излекувани.

Сепак, тамошните власти сè уште не брзаат со укинување на сите превентивни мерки, при што и понатаму е забранет водушниот сообраќај, а движењето кон престолнината Нук е со посебни одредби.